Патничко осигурување

 

 

САВА ТАБАК осигурување во соработка со реномираната асистентска куќа СОС Интернешнл (SOS International) обезбедува помош и осигурителни услуги наведени во договорот - полисата, кои произлегуваат од осигурените случаи што ќе настанат во странство и се поврзани со патувањето во странство:

а) здравствена помош и осигурување;
б) помош при патување и осигурување;
в) осигурување од незгода вклучувајќи и осигурување од спортска незгода ако се плати дополнителна премија за осигурување

Осигуреник може да биде секое лице на возраст до 65 години кое патува во странство, но не за вршење на физичка работа.

Осигурувањето важи во сите земји во светот со исклучок на Р.Македонија.

За лицата кои не живеат во Р. Македонија осигурувањето не важи за земјата на нивното постојано живеење. За лицата кои постојано работат во странство осигурувањето не важи во земјата каде што работат.

Полисите за патничко осигурување освен во просториите на САВА ТАБАК осигурување можете да ги добиете и во туристичките агенции, а се склучуваат пред да се отпатува во странство, односно пред да се аплицира за виза - за одредени земји со кои Република Македонија има визен режим. Со оваа полиса се покриваат трошоците за потребната ненадејна итна медицинска помош, во случај на болест или незгода за време на патувањето и престојот во странство.

 


 

© 2007-2009 Сава Tabak АД