Осигурување од провална кражба и разбојништво
Со осигурување од опасностите од провална кражба и разбојништво се обезбедува осигурително покритие од извршување или обид на провална кражба и разбојништво, како и вандализам во текот на провалната кражба.
Со осигурувањето покриена е штета од уништување или оштетување на предметите, тие да се однесат, како и оштетување на градежните делови на просторијата во која се наоѓаат осигурените предмети до одреден износ.
Од опасноста на провална кражба, предметите се осигурани се додека се во заклучени простории, наведени во полисата.
Под разбојништво се подразбира одземање на осигурените предмети со употреба на сила.
Од опасност од провална кражба и разбојништво може да се осигураат:
• Подвижни предмети во згради или простории, мебел и уреди
• Угостителски објекти, установи и тн.
• Пари, скапоцености, хартии од вредност, збирки и сл.
• Залихи на стоки и суровини, полупроизводи, опрема и сл.
• Пари и други вредности за време на превоз и пренос
• Предмети во музеи и на изложби, во цркви и јавни библиотеки и книжарници
