Осигурување на стакло од кршење
Со осигурувањето обезбедено е осигурително покритие и заштита од уништување или оштетување од настани кои се непредвидени и се случуваат одненадеж и на кои се изложени осигурените предмети.
Предмет на осигурување можат да бидат:
- Сите видови на стакло;
- Светлечки натписи и реклами;
- Неонски и останати светлечки цевки.
Заедно со светлечките натписи и реклами може да се осигураат и нестаклените делови и рамки како нивен составен дел.

