Ова осигурување опфаќа доброволно осигурување на лица од последици на несреќни случаи, при извршување на редовните работни задачи, но и надвор од тоа, како и при извршување на посебни дејности при што може да настане несреќен случај.
Што е несреќен случај?
Несреќен случај е секој случај кој е иден неочекуван и е независен од волјата на осигуреникот, предизвикан од надвор и нагло на телото на осигуреникот, а последиците му се - смрт, целосен или делумен индавлидитет, привремена или трајна неспособност за работа и нарушување на здравјето кое бара лекарска помош.
Што претставува осигурувањето од незгода?
Осигурувањето на работници од последици на несреќен случај (незгода) е осигурување, преку кое се ублажуваат економските последици од несреќните случаи на коиработникот е изложен, на работното место и во останатите активости со кои се бави во местото на живеење и при патување во текот на 24 часа, временски и просторно неограничено.
Истата оваа определба на осигурувањето од незгода важи за сите индивидуално осигурани лица и други лица осигурани во група.
При настанувањето, несреќните случаи најчесто се придружени со трајни последици, не ретки се и најтрагичните - смртните случаи, поради кои се јавуваат наголемени трошоци поради лекување, боледување и друго, а со тоа настануваат и економски последици за повредениот и неговото семејство.
Ризици кои можат да се осигураат:
* Смрт од последици на несреќен случај
* Траен губиток на општата работна способност (траен инвалидитет)
* Привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај - дневен надомест
* Трошоци за лекување како последица на несреќен случај
Видови осигурувања од незгода
* Колективно осигурување
* Индивидуално осигурување
Колективно осигурување:
# Осигурување на деца (предшколска и школска возразст) и младина
Колективно може да се осигураат деца од 0 до 7 годишна возраст, доколку одат во градинка - според една тарифа, и од 7 до 14 годишна возраст, доколку одат во училиште - според друга тарифа. Исто така, колективно од незгода можат да се осигураат и средношколците како и студентите.
# Осигурување на вработени
Ова осигурување се склучува со правни лица за нивните вработени, а бројот на вработени неможе да е помал од 10 лица. И ова осигурување просторно и временски е неограничено, а лицата се осигурани при смрт како последица на несреќен случај, смрт од болест, траен инвалидитет како последица на несреќен случај, дневен надомест како последица од несреќен случај, трошоци за лекување како последица од несреќен случај.
# Осигурување на членови на домаќинство
Ова осигурување може да ги опфати сите членови на едно домаќинство од 0 до 75 години и може да биде склучено со едно домаќинство - за неговите членови и за членовите на 10 и повеќе домаќинства одеднаш. Со ова осигурување лицата се осигурани при смрт како последица на несреќен случај, смрт од болест, траен инвалидитет како последица на несреќен случај.
# Осигурување на пензионери
Ова осигурување го склучуваат правни лица или здруженија, а ги опфаќа сите членови, без оглед на нивната здравствена состојба или годините на старост. Со ова осигурување лицата се осигурани при смрт како последица на несреќен случај, смрт од болест, траен инвалидитет како последица на несреќен случај.
Индивидуално - поединечно осигурување:
Поединечно (индивидуално) осигурување подразбира осигурување на лица меѓу 14 и 75 години и при тоа осигурувањето не е временски и просторно ограничено. Лицата се осигурани при смрт како последица на несреќен случај, траен инвалидитет како последица на несреќен случај, дневен надомест како последица од несреќен случај, трошоци за лекување како последица од несреќен случај.
