Осигурување на машини од кршење

 

Осигурување на машини од кршење

Со овој вид на осигурување се дава осигурителна заштита од оштетување или уништување на осигурениот предмет од настани кои се непредвидени и се случуваат одненадеж и тоа од следните ризици:
• Грешка на материјалот, изработката и конструкцијата
• Непосредно дејство на електричната енергија при појава на куса врска, пренапон и електричен лак
• Распаѓање поради дејство на центрифугална сила
• Недостаток на вода во парни котли и апарати со пареа, освен во случаите во кои следи експлозија
• Мраз, притисок на мраз или снег или непосредно движење на мразот
• Надпритисок или подпритисок (имплозија)
• Откажување (затајување) на уредите за заштита и регулирање, како и на елементите за автоматско управување со кои машината е опремена
• Неспретност, невнимание или лоша намера на работниците или некое друго лице
• Поради паѓање на осигурени ствари, удар или навлегување на страно тело (предмет) во осигурениот предмет
• Заглавување во текот на дупчење во дупки
Со склучување на осигурување од последици од крш и некои други опасности, осигурени се - машини, инсталации, машински и електро уреди и нивното полнење, доколу вредноста на полнењето е содржана во вредноста на осигурените предмети, апарати и инсталации со основата, лежиштето и темелот, доколу нивната вредност се содржи во вредноста на монтажата

© 2007-2009 Сава Tabak АД