Во согласност со европското искуство и пракса САВА ТАБАК осигурување на компаниите им го нуди ова осигурување со кое можат да ги осигураат своите менаџери од последици на несреќен случај и ова осигурување се склучува со валутна клаузула - и премијата и осигурената сума се договараат во евра. Премијата за осигурување се плаќа во денарска протввредност на еврото пресметана по средниот курс на индикативната курсна листа на Народна Банка на Република Македонија на денот на уплатата, а исплатата се врши исто така во денарска протввредност на еврото пресметана по средниот курс на индикативната курсна листа на Народна Банка на Република Македонија на денот на пресметка на исплатата. Договорувачот на ова осигурување може да биде физичко или правно лице.
Менаџерите со ова осигурување се осигурани при:
* Смрт како последица на несреќен случај
* Смрт од болест
* Траен губиток на општата работна способност
* Привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај - дневен надомест
* Трошоци за лекување како последица на несреќен случај
Учество во позитивен резултат - бонус, ако не е извршена исплата за случај на смрт или за случај на 100% трајна загуба на општата работна способност (инвалидитет) од последица на несреќен случај.
