Осигурување на станови и ствари во домаќинството

 

Осигурување на станови и ствари во домаќинството

Со комбинирано осигурување на домаќинство се обезбедува осигурително покритие од ризиците опфатени со осигурување од пожар и осигурување од провална кражба и разбојништво.

Предмет на осигурување се:

1) Станбени објекти (станови, индивидуални згради и викендички) како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење (во натамошен текст: станбени објекти).

2) Предметите на домаќинството кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаќинство.
Во предмети на домаќинството се сметаат:
а) предметите кои служат за уредување на станот;
б) предметите за лична употреба.

3) Со ова осигурување може да се осигураат и:
а) готови пари;
б) уметнички предмети;
в) хартии од вредност;
г) скапоцености и збирки.
Готовите пари се осигурени само од опасност од провална кражба и разбојништво за време додека се наоѓаат во заклучени вѕидани или анкерисани сефови, каси и сл.

4) Одговорност за штети причинети спрема трети лица.

5) Трошоците за нужно сместување на осигуреникот и членовите на неговото семејно домаќинство при тотална штета, односно кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.

Ако посебно се договори може да се осигураат и стаклата од кршење.

© 2007-2009 Сава Tabak АД