Автомобилска одговорност


Осигурување од автомобилска одговорност кон трети лица

Автомобилска одговорност или осигурување од одговорност од употреба на моторни возила подразбира осигурување на одговорноста на носителот на осигурувањето при сообраќајни незгоди за штети причинети на трети лица.
Овој вид на осигурување, кое е задолжително со закон и се прави еднаш годишно при регистрацијата на возилото, ги обезбедува сите материјално и нематеријално оштетени лица во сообраќајните незгоди, и тоа за:
• телесни повреди, оштетување на здравјето или смрт
• уништување односно оштетување на материјални добра, освен оние кои се примени на превоз
Со овој вид осигурување не е осигурано ниту возилото ниту сопственикот на возилото, кој е всушност осигуреник или носител на осигурувањето.
 

© 2007-2009 Сава Tabak АД